Македонија
30. September 2018 - 8:37

Во Маврово-Ростуше почна референдумското изјаснување

Во гостиварската општина Маврово-Ростуше утрово почна референдумското изјаснување.

Според информациите на ОИК Маврово-Ростуше, сите избирачки места се отворени навреме и не се регистрирани проблеми или попречување на гласачкото право.

Во Маврово-Ростуше вкупниот број гласачи е 9.672, кои правото на глас ќе го реализираат на 39 избирачки места.