Македонија
30. September 2018 - 11:37

Во Маврово-Ростуше излезеноста 2,03 отсто, во Врапчиште 1,37 проценти

До девет часот утрово во Маврово-Ростуше гласале 196 лица или 2,03 отсто од запишаните, додека во општина Врапчиште 349 лица или 1,37 проценти.

Според првичните податоци од Општинската изборна Маврово-Ростуше, референдумското изјаснување засега  тече без проблеми и од седум часот се отворени сите избирачки места. Број на гласачи е 9.672, кои правото на глас ќе го реализираат на 39 избирачки места.        

И во Врапчиште гласањето редовно се одвива. На територијата на оваа општина има 25.454 граѓани со право на глас и 39 избирачки места.

Во текот на вчерашниот ден, девет лица кои отслужуваат затворски казни имаа можност да го дадат нивниот глас. Од ОИК потврдија дека процесот за изјаснување започнал во седум часот.