Во Маврово најстудено и најмногу дожд, на Шапка половина метар снег
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврнал во Маврово, Битола и Охрид, по околу 20 литри на метар кавратен. Во Скопје наврнале седум литри, а најмалку дожд имало во Демир Капија само еден литар.
УХМР информира дека најмногу снег, пак, има на Попова Шапка каде што снежната покривка е 51 сантиметар.
Најстудено утрово е во Маврвово нула степени, а најтопло во Гевгелија и Дојран со осум степени. Во Скопје се измерени два степена.
Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од дожд, а утрово врнежите се престанати и преовладува умерено до значително облачно време. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб локален дожд, на планините на северозапад со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе достигне 13 степени.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација