Во Маврово минус 11 степени | Сител Телевизија
Свет
21. December 2017 - 9:30

Во Маврово минус 11 степени

Најстудено утрово било во Маврово со измерени минус 11 степени. Во Лазарополе и Крушево минус 10, минус девет во Берово, минус седум во Ѓуриште, минус шест во Пожаране, Дебар и Тополчани, минус пет во Крива Паланка, минус четири во Струмица, Прилеп, Охрид и Претор, минус три во Тетово, Виница и Битола, минус два во Штип, Скопје, Демир Капија и Куманово, нула во Дојран и еден степен во Гевгелија.

Снег има во Маврово 12 сантиметри, Дебар пет, Крушево и Пожаране три и Берово два сантиметри.

Времето утрово е умерено до значително облачно и студено, на места со слаб до умерен северен ветер.

Денеска времето ќе биде малку до умерено облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. По одделни котлини претпладне ќе се задржи со значителна облачност. Температурата ќе достигне од минус еден до пет степени.

Во Скопје времето ќе биде значително облачно со слаб до умерен северен ветер, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Температурата ќе се движи до 3 степени.

Утре времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во сабота ќе биде променливо облачно и ветровито, а во северните делови и на планините ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела продолжува стабилното и суво време, а од понеделник ќе има и позначителен пораст на дневната температура.