Во Маврови Анови и Попова Шапка 40 сантиметри снег, најмногу дожд во Крива Паланка и Виница

Во Маврови Анови и Попова Шапка има снежна покривка од 40 сантиметри, а во Крушево од 12. Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнал во Крива Паланка 16 литри на метар квадратен.
Четиринаесет литри на метар квадратен се измерени во Виница, 11 Пожар и Попова Шапка, 10 Пожаране, девет во Маврови Анови, Тетово, Берово и Крушево, седум во Штип и Гевгелија, шест во Куманово и Лазарополе, пет во Скопје Петровец, Струмица, Дебар, Претор и Велес, четири во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Охрид, Демир Капија, три во Кавадарци, два во Битола и Тополчани.
Како што информира изутринава Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, на Попова Шапка се измерени -1 степен, 1 во Лазарополе, 2 во Маврови Анови и Куманово, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово и Крива Паланка, 5 во Скопје-Петровец и Берово, 6 во Велес, Штип, Прилеп и Битола, 7 во Охрид, Претор, Виница, Кавадарци, Дебар и Струмица, 8 во Гевгелија, 9 во Демир Капија.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.
Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Ново на Сител
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант
-

МОН воведува нови стипендии - за втор и трет циклус на студии по македонски јазик
-

Субвенции за енергетска ефикасност: Граѓаните сè повеќе инвестираат во инвертер клими, а интересот за гас значително опаѓа
-

Велешанец пронајден мртов во помошна просторија од домот
