Македонија
22. јуни 2018 - 12:09

Во Маврови Анови демолирани статуи на народни херои од НОБ

Во населбата Маврови Анови во текот на вчерашниот ден непознати сторители, насилно турнале две статуи на народни херои од нивните постаменти.
 
Како што информираат од МВР, случајот во полиција го пријавил 74-годишен маж, а на самото место било констатирано оти турнати се две бронзени статуи од народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски.
 
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.