Балкан
2. August 2019 - 8:32

Во масакрот во Загреб убиени се двајца мажи, три жени и 10-годишно дете

Во населба во Загреб синоќа околу 21.30 часот се случи шесткратно убиство во кое се убиени двајца мажи, три жени и 10-годишно дете. Тоа го соопшти утрово загрепската полиција.

Претходно, локални медиуми јавуваа за четири убиени деца.

На местото на масакрот се уште се врши увид, јавија загрепски медиуми.

Преживеано е само седуммесечно бебе кое не е повредено.

Убиецот според полицијата, извршил самоубиство. Локалните медиуми јавија дека можна причина за убиството е семејно насилство.