Во март раст од 2,1 отсто на трошоците на живот и од 2,6 отсто на цените на мало на годишно ниво
– Трошоците на животот во март во однос на февруари годинава се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто, додека во однос на март лани бележат зголемување од 2,1 отсто, односно од 2,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на животот во март 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 3.5 отсто, свежото и разладеното овошје за 2.1 отсто, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за еден процент, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 0.4 отсто, месото и жестоките пијалци за 0.2 проценти.
Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е регистриран и кај собирањето на отпадните води за 8.2 отсто, течните горива за домаќинствата за 7.4 отсто, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 6.8 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5.8 отсто, информатичката опрема за обработка на податоците за 5.5 отсто, моторните возила за 3.0 отсто, гасот за домаќинствата за 2.3 отсто, малите електрични апарати за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување за седум отсто, снабдувањето со вода за 0.5 отсто, мебелот и покуќнината за 0.3 проценти, материјалите за одржување и поправки на станот, теписите и другите подни покривки, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.2 проценти.
Намалување на трошоците на животот во март во однос на февруари е забележано кај рибата и морските плодови за 0.6 отсто и конзервираното овошје за 0.3 отсто. Исто така, намалување на трошоците на животот е регистрирано и кај медиумите за снимање за 0.9 отсто, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0.7 отсто, обувките за 0.5 отсто, домашните миленици и сродните производи за 0.4 отсто и облеката за 0.2 отсто.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок