Македонија
30. November 2017 - 8:03

Во МАНУ промоција на „Избрани трудови“ од академик Алајдин Абази

 Промоција на изданието „Избрани трудови“ од академик Алајдин Абази, „Електромагнетика, електротехнички материјали, енергија и околина“ (книга прва) и „Високото образование и Универзитетот на Југоисточна Европа“ (книга втора) ќе се одржи денеска во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).

На промоцијата ќе се обратат претседателот на МАНУ, академик Таки Фити и потпретседателот на МАНУ, академик Луан Старова. Промотор ќе биде академик Леонид Грчев, научен секретар на МАНУ. 

По промоцијата ќе биде прикажан филм посветен на академик Алајдин Абази.