Во вчерашниот напад извршен во централниот дел на Мали загинаа осум војници, соопшти армијата на социјалните мрежи.

При нападот четири војници се повредени.

Неколку часа претходно, во меѓуетничко насилство во истиот регион загинаа 21 цивил.

Во Мали од 2013 година распоредена е мировна мисија на Обединети нации. Од истата година Франција предводи воена акција заедно со за армијата на Мали против екстремистичките групи во северниот дел на земјата.