Македонија
20. September 2016 - 12:09

Во Македонска Каменица се санираат ударните дупки на улиците

Општина Македонска Каменица почна со акција за крпење на ударните дупки на улиците во централното градско подрачје и на локалните патиштата кои водат до руралните средини.

Портпаролот на општина Македонска Каменица Васко Десподовски истакна дека санацијата на ударните дупки ќе трае десетина дена.

- За оваа санација на улиците општина Македонска Каменица издвои 1 милион денари, а планирано е да се потроши 160 тони асфалт, што мислиме дека ќе биде доволно за да се санираат улиците во градот, но и локалните патишта кои водат до руралните средини. Со оваа активност сакаме да придонесеме за побезбеден сообраќај во градот, за подобар урбан изглед на градското подрачје, и да не се предизвикуваат оштетувања на возилата, рече Десподовски.

Фирма која ги изведува градежните активности е „Коле Транс“ од Штип.