Македонија
25. February 2016 - 11:54

Во Македонија вчера влегле 574 мигранти

Нови 574 странски државјани ја минале македонско-грчката граница и добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Вчера во Македонија влегле 201 маж, 158 жени, и 214 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, соопшти МВР. 

Според државјанството, потврди се издадени на 489 државјани на Сирија и на 85 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од 1 јануари до синоќа на полноќ се издадени потврди на вкупно 87.036 странски државјани, од кои 34.529 се од машки пол, 19.000 се од женски и 33.298 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 208 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.651, Авганистан-26.546 и Ирак-17.836.

До Секторот за азил во истиот период барање за признавање на право на азил поднеле 21 лице од кои 14 од Сирија и седум од Авганистан, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Вчера ниту еден мигрант не побарал азил во Македонија. 

Во ЈУ „Прифатен центар за баратели на азил“ во дневниот регистар вчера се евидентирани вкупно дваесет и пет баратели на азил од кои петнаесет мажи, три жени и седум деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.