Македонија
11. September 2016 - 20:28

Во Македонија се случил најразорниот земјотрес на Балканот

Во Македонија се случил и најсилниот земјотрес во историјата на Балканскиот Полуостров. Според сеизмолозите, тој се случил во 1904. година во валандовскиот крај.
 
Тогаш имало првичен релативно силен удар по што следел главниот удар со јачина од 7,8 степени по Рихтеровата скала, а почувствуван е со 10 степени според Мекалиевата скала.
 
Во македониај има 30тина епицентрални подрачја, а најсилни земјотреси се регистрирани во валандовското, скопското, дебарското и пехчевското подрачје. 
 
На 26 јули 1963. година во утринските часови 5 часот и 17 минути, градот Скопје е разурнат од земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата сеизмичка скала (9 степени по Меркалиевата скала). Под урнатините животот го загубиле 1070 граѓани, од кои 470 мажи, 430 жени и 120 деца. Меѓу загинатите биле 16 странски државјани, кои биле на пропатување низ земјата, како и 10 лица родени во странство, за кои не можело да се утврди дал исе наши или страни државјани.