Македонија
19. December 2015 - 16:30

Во Македонија се слави заштитникот „Свети Никола“

Во духот на традицијата и на православната вера, како и во склад со адетите и обичаите кои во градот под Марковите Кули со векови се почитуваат и пренесуваат од колено на колено, денеска, достојно беше одбележан  големиот христијански празник, патронот на градот - “Св. Никола”.
 
Седумдест илјади минијатурни сармичиња, триста килограми грав и уште толку риба, беа послужени на трпезата на отворено на градскиот плоштад.
 
Традиционалните прилепчани велат дека се среќни што од пред десет години и официјално си имаат свој патрон на градот, и тоа олицетворен во светијата “Св. Николај Чудотворец”.
 
Сакаат оваа традиција да продолжи, бидејки “Св. Никола” во Прилеп, ако куќна слава го слават барем половината од неговите жители.
                                                     
Годинашното јубелејно, десетто по ред издание на организирано славење на градската слава, изобилуваше и со богата музичка програма, во која доминираше етно-елементот како сининим за нашето битисување од антиката, па се до денес.