Македонија
12. јуни 2020 - 16:36

Во Македонија се повеќе луѓе со прекумерна телесна тежина

Денеска во Прилеп за првпат во Македонија се одбележа Интернационалниот NASH Ден, неалкохолно заболување на замастен црн дроб. Бројката на заболени секојдневно рапидно се зголемувала, а причина е нездравиот начин на исхрана и немањето на физичка активност. Ваквата состојба најчесто не давала симптоми, па многу од случаите се смета дека се уште не се дијагностицирани. Матичните лекари и при најмал сомнеж требало да го препратат пациентот до повисоки истанци, но и тука имале проблеми.

„Немаме ни доволно специјалисти, немаме ниту доволно терминии. Ние со тој проблем како матични лекари секојдневно се среќаваме, немаме термини за да го препратиме пациентот. Секако тоа зависи и од ажурноста на интернистот. Ние можеме да го упатиме до интернист, а тој треба да го препрати на Клиника за гастроентерохепатологија каде треба каде што дефинитивно ќе му биде поставена дијагнозата“, изјави Македонка Зероска, специјалист по семејна медицина.

Во Македонија официјална статистика на заболени нема, но се претпоставува дека е иста како и на светско ниво одосно 25% од вкупното население. Лек нема и засега единствено решение е начинот на живот.

„Така што би имале богат појадок, нормален ручек и скромна вечера. Треба да се знае дека сите шеќери, вклучително и оние здравите, како на пример од овошјето, кои навечер нема каде да се потрошат, се складираат како масти или гликоген. Да се планиранраат оброците во текот на денот со цел да се спречи прегладнување и посегнување по брза и нездрава храна. Секојдневно да се јадат по пет порции на свежо овошје и зеленчук во сите бои на виножитото“, додаде Елена Мирческа, нутриционист и фитнес тренер.

Моментало и Ковид-19 придонесувал за зголемување на бројот на пациенти со ова заболување.

„Оваа ситуациија со пандемијата сега допринесува за зголемување на бројот на пациенти поради тоа што физичка активност луѓето имаат многу малку, а за сметка на тоа се хранат многу пообилно и многу понездраво“, рече Билјана Мирческа, претседател на НВО СЛАП.

Неидентификувани и нетретирани пациенти со ова заболување може да добијат цироза како и карцином на црниот дроб.