Во Македонија референдум, во Грција ратификација на Договорот од Преспа
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас викендов изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде поддржан од мнозинството пратеници во грчкиот Парламент, а во Македонија се очекува политичките чинители да се договорат околу одржувањето на референдумот, а со тоа и за новиот состав Државната изборна комисија (ДИК).
Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази увереност дека договорот од Преспа ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот Парламент, па дури и од некои пратеници од Независни Грци, на што реагираше портпаролот на „Независни Грци“ дека ставот на Владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се останато се лични проценки.
Политичките чинители во Македонија во периодот што следи треба да се усогласат околу новиот состав на ДИК која треба да ги спроведе сите неопходни активности за претстојниот референдум. Нејзиното формирање е условено од опозицијата со донесување на законот за финансирање на политичките партии и законот за влада. На протестниот марш организиран вчера во Кавадарци, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ упати критики до Владата за нејзините политики, барајќи и предвремени парламентарни избори.
За Владата, пак, со добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО и очекувањата за ЕУ во јуни 2019 година се остварени стратешките цели на државата.
Премиерот Зоран Заев на прославата во Битола организирана по повод добивањето покана за пристапни преговори за членство во НАТО изјави дека се остварени заедничките стратешки цели и ја повика опозицијата да се издигне над поделбите и разликите.
Ново на Сител
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар