Во Македонија пронајдени и фалсификувани банкноти од 200 денари | Сител Телевизија
Македонија
17. March 2018 - 16:30

Во Македонија пронајдени и фалсификувани банкноти од 200 денари

Над 90 фалсификувани банкноти се откриени во првите три месеци од годинава, покажува статистиката на МВР.. Според анализата, домашниот денар е најлесен за фалсификување, но во платниот промет се пронајдени уште пет странски валути.. Банкнотата во апоен од 500 денари е сеуште најчесто фалсификувана.. Од почетокот на годинава, полицијата регистрирала дури 46 банкноти.. Еврото е следно на листата најфалсификувана валута.. Во земјава по изминати три месеци од годината се пронајдени вкупно 26 банкноти, 14 во апоен од 100 и 12 банкноти од по 50 евра..

Статистиката на полицијата открива дека нема банкнота од домашната валута која не се фалсификува.. Иако најнова и со зголемена безбедносна заштита, во платниот промет се пронајдени и лажни банкноти од 2.000 денари..

Од странските платежни средства, во земјава се откриени фалсификувани американски и австралиски долари, швајцарски франци но и данска круна.. Во првото тримесечје се регистрирани вкупно девет..

Од МВР информираат дека во нивната евиденција за месеците јануари и февруари се регистрирани вкупно пет кривични дела фалсификување пари за што се пријавени двајца сторители..

Инаку според статистиката на полицијата, годишно во земјава се откриваат над илјада фалсификувани банкноти..