Македонија
12. November 2018 - 16:11

Во Македонија повторно доаѓа амбасадор од кариера, Кејти Мери Брнс ќе биде нов амбасадор на САД

Наследничката на Бејли е професионалец,  со над  20 години  искуство во  дипломатијата. Кејти Мери Брнс во Скопје доага од Атина , каде во 2017 таа работела како  заменик амбасадор во  американската амбасада.

Таа е добар познавач на регионалната политика, со која се сретнала и како заменик шеф на мисијата на САД во ОБСЕ.

За време на мандатот во Виена, таа  не ретко ги пренесуваше американскиот ставот  во врска со аферата со прислушувањето, имплементација на пржинскитот догвор , формирањето и работата на Специјалното јавно обвинителство и менувањето на власта во земјава. 

Во март лани, таа го критикуваше претседателот Ѓорѓе Иванов кој првично одби да го даде мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Брнс одвнатре е запозната и со функционирањето на НАТО . Од 2007 до 2010 година таа работела како советник за јавни работи во мисијата на САД во Алијансата  во Брисел.

Како цивилен претставник го надгледувала   управувањето во источниот дел на Авганистан, а била дел и од американските мисии во Шпанија, Боливија, Унгарија и  Турција.

Брнс е активист за правата на маргиналните групи  и правата на жените.

Има добиено седум награди за “Врховна чест и заслуги” и награда за експедитивност од Стејт департментот на САД и две награди за заслуги за цивилна служба од Одделот за армија на САД.

Кејти Мери Брнс на  амбасадорсксата позиција во СКопје доага како  предлог на претседателот Трамп.