Бизнис
23. May 2018 - 16:51

Во Македонија отворена фабрика за производство на сончеви колектори

Во Македонија ќе се произведуваат фотоволтаични панели. Првата фабрика за производствто на сончеви колектори веќе вработува 20 лица, како ќе расте производствто така ќе се зголемува и бројот на работници. Фабриката има капацитет да произведува 20 мегавати годишно. За споредна досега за 10 години земјава произвела 18 мегавти.

Оваа инвестиција, прва од ваков вид во земјава ќе овозможи користење на сончевата енергија за производство на струја на еколошки начин и по пониски цени.

Пиксел груп најавува дека ќе создава производ кој и по квалитет и по цена ќе биде еднакво конкурентен и на домашниот и на странскиот пазар. Работат  и по нарачака за домашните големи компании кои веќе побарале фотоволтаици за своите потреби.