Македонија
13. May 2022 - 16:33

Во Македонија официјално нема регистриран случај на мистериозниот хепатитис кај децата

Мистериозниот хепатитис кај децата продолжува да ја бранува светската јавност. По регистрирањето на три случаи во Грција, македонските педијатри со голема внимателност ги следат сите информации за болеста од непознато потекло. Светските научници немаат одоговори кој е предизвикувачот и зошто на дел од пациентите им е неопходна трансплантација на црниот дроб. Теории за новиот вирус има многу а од детската болница во Козле смируваат дека засега нема простор за паника.

-Не треба да се крева паника. Кај оние деца кај кои е појавен овој нов хепатитис е утврдено дека немаат ниту хепатитис А. Б, Ц, Д и е некој нов вид. Тоа што повеќе од заболерните се под 10 годишна возраст не може да се поврзе и како што на почетокот се зборуваше дали е од вакцините против ковид или самата инфекција бидејќи во светот многу малку деца под таа возраст примиле вакцина, изјави д-р Беким Зекири директор на детската болница во Козле.

Во рок од три недели, Американскиот центар за превенција и конторла на болести излезе со второ предупредување за мистериозната болест. ЦДЦ побара од лекарите да земаат примероци од црниот дроб од најтешко болните пациенти и да ја прошират потрагата по инфекција со аденовирус.

-Укажување и до родителите и до лекарите ако во нивните ординации особено во внатрешноста имаат пациент да направат анализи а доколку некои процедури не можат да ги изведат да го препратат во скопските болници, вели д-р Зекири.

Според СЗО, повеќе од 350 случаи има во 20 земји а голем е бројот и на сомнителни за кои во тек се дополнителни анализи.

Пожолтување на кожата и белките на очите проследено со повраќање и бледа столица се најчестите симптоми на хепатитис.