Во Македонија нема нови случаи на птичји грип
Нема нови жаришта и нови случаи на птичји грип во Македонија, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Како што рече Поповски по презентацијата на новиот твининг проект за поголема заштита на храната, животните и растенијата, состојбата будно се следи и сите сомнителни случаи се испитуваат за да се преземат навремени мерки ако се утврди дека е потребно.
-Можностите за појава на птичји грип се намалени зашто со зголемувањето на температурите вирусот не може да циркулира толку многу. Сепак, не е исклучена можноста за појава на болеста, истакна директорот.
Според него, во околните држави веќе има нови случаи, во Бугарија има голем број жаришта, а жаришта се појавуваат и во Србија.
- Се надеваме дека во Македонија нема да има нови случаи, ниту во иднина ќе имаме проблем со оваа болест, додаде Поповски.
Одговорајќи на новинарско прашање, информира дека сопствениците на живината која беше угината од птичји грип во струшкото село Мороиште, се уште не се обесштетени бидејќи АХВ ги нема добиено нивните барања. – Кога ќе ги добиеме барањата, веднаш ќе пристапиме кон обесштетување, потенцира директорот на Агенцијата Зоран Поповски.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари