Бизнис
25. јуни 2018 - 19:46

Во мај во буџетот влегле помалку пари од април, реализацијата на капитални проекти скромни 13,8%

Во мај државата собрала помалку пари во буџетот споредено со април. Според податоците кои ги објави МФ во мај вкупните приходи биле за 30 милиони евра пониски отколку еден месец порано.

Намалување има кај сите ставки кои се однеусваат на давачки за вработените. Односно од персоналец собрани се околу 700 000 евра помалку, од придонеси дури 4 милиони евра.

Кусокот во ПИОМ во мај изнесува 2,6 милинио евра помалку споредено со април. Во Фондот за здравство собрани се 1,1 милион евра помалку. Повеќе пари во држвната каса во мај влегле од ДДВ околу 7,7 милиони евра.

Според фискланата табела на МФ, собраните пари за пет месеци се околу 40% од планираното за цела година. Но, процентот кај  потрошените пари е многу мал. За истиот период потрошени се само 13,8% од парите предвидени за капитални проекти. По лошиот старт на годината, беше најавено дека ќе се врши притисок врз министрите да го засилат реализирањето на  прокетите, но ефект од ова се уште нема.

Министерот Тевдовски минатата недела рече дека ќе бидат одземени парите од тие ресори каде нема реализација и ќе бидат префрлани таму каде повеќе се гради. Тој рече и дека нема потреба од ребаланс затоа што собирањето пари во буџетот оди според планот.