Бизнис
29. јуни 2017 - 10:08

Во мај пониски цените на производителите на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар во мај се пониски за 0,1 процент на месечно ниво, односно за 0,7 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Споредено со април, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,4 проценти и Енергија за 0,1 процент, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво. 

Во однос на мај минатата година пониски се продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите Интермедијарни производи освен енергија за 1,6 проценти, Енергија за 0,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти.