-->
-->
Во мај пониски цените на производителите на индустриските производи
-->
Продажните цени на производителите на индустриските производи на домашниот пазар во мај се пониски за 0,1 процент на месечно ниво, односно за 0,7 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Споредено со април, продажните цени се пониски во групите Интермедијарни производи освен енергија за 0,4 проценти и Енергија за 0,1 процент, додека во групите Трајни производи за широка потрошувачка и Нетрајни производи за широка потрошувачка се на исто ниво.
Во однос на мај минатата година пониски се продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во групите Интермедијарни производи освен енергија за 1,6 проценти, Енергија за 0,7 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 проценти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација