Во мај издадени 222 одобренија за градење, нови 477 станови
Во мај годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7,9 проценти помалку во однос на мај лани. Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38.951 метар квадратен, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија се издадени во Скопскиот регион, 40, каде предничат општините Центар, Бутел и Шуто Оризари, со по девет дозволи. Следи Југозападниот регион со 39 одобренија, од кои 20 се во Кичево. И во Струмица се издадени 20 одобренија за градење, кои се дел од 36-те издадени за цел Југосточен регион. Најмалку дозволи за градење, четири, има во Североисточниот регион.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.529.344.000 денари, што е за 4,2 процента помалку во однос на мај минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52,2 процента) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18,5 проценти) од нискоградба и 65 (29,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Кај 116 (52,3 проценти) објекти како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 106 (47,7 проценти) инвеститори се деловни субјекти.
Ново на Сител
-
Д-р Пановски: Прв ќе се вакцинирам со кинеската вакцина
-
61-годишна жена од Швајцарија фатена како користи кокаин во Кичево
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост за вакцини а не го гласаше Законот за лекови
-
Јаневски нов тренер на кипарски Олимпијакос
-
Пристапот до антиковид вакцините, тема на разговорот на Димитров и Османи со Борел
-
РФМ и Брестовац ја прекинаа соработката
-
Милошоски: Имаме колега пратеник кој во минатото силувал жена, а сепак сега е на висока функција
-
Во домот на 29-годишен скопјанец пронајдени 610 грама марихуана, хашиш смола и пиштол