Во Мадрид протест поради планот за помилувањсе на каталонските лидери
Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид против планот на шпанската Влада да помилува десетици лидери на сепаратистите, осудени за обид за одржување на забранет референдум за независност на Каталонија.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, не предложи помилување на 12 политички и граѓански лидери, кои во октомври 2017 година се залагаа за референдум и прогласување независност на Каталонија, но тој го поддржа предлогот. Тој истакна дека помилувањето е можен начин за повторно зближување на Каталонците и Шпанците по затворањето на каталонските лидери.
И за социјалистите намерата на Санчез е ризичен политички потег. Противниците на помилување истакнуваат дека сепаратистите не покажале каење за нивниот пркос на шпанскиот Устав и оти Санчез прави отстапки во замена за поддршка на каталонските пратеници во националниот Парламент.
Според анкетите, над 60 проценти од Шпанците се против помилувањето, а 29,5 отсто се „за”, додека во Каталонија предлогот има поддршка од 60 до 70 проценти
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата