Свет
13. јуни 2021 - 19:15

Во Мадрид протест поради планот за помилувањсе на каталонските лидери

Илјадници луѓе денеска протестираа во Мадрид против планот на шпанската Влада да помилува десетици лидери на сепаратистите, осудени за обид за одржување на забранет референдум за независност на Каталонија.

Протестот во организација на група од граѓанскиот сектор за промовирање на обединета Шпанија, се одржаа на централниот плоштад во Колон, што стана симбол на ултра десничарски митинзи.

Шпанскиот премиер Педро Санчез, не предложи помилување на 12 политички и граѓански лидери, кои во октомври 2017 година се залагаа за референдум и прогласување независност на Каталонија, но тој го поддржа предлогот. Тој истакна дека помилувањето е можен начин за повторно зближување на Каталонците и Шпанците по затворањето на каталонските лидери.

И за социјалистите намерата на Санчез е ризичен политички потег. Противниците на  помилување истакнуваат дека сепаратистите не покажале каење за нивниот пркос на шпанскиот Устав и оти Санчез прави отстапки во замена за поддршка на каталонските пратеници во националниот Парламент.

Според анкетите, над 60 проценти од Шпанците се против помилувањето, а 29,5 отсто се „за”, додека во Каталонија предлогот има поддршка од 60 до 70 проценти