-->
-->
ОН: Во Мадаја има најголемо страдање
-->
Обединетите нации, кои доставија хуманитарна помош за сирискиот град Мадаја, денеска соопштија дека страдањето на жителите на градот е најлошо во земјата разурната од војната.
Шефот на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) во Дамаск, Саџад Малик изјави дека постојат веродостојни извештаи за тоа како жителите на градот умираат од глад по повеќемесечната опсада на сириската армија.
- Со ништо не може да се спореди тоа што е видено во Мадаја, посочи Малик.
Конвој од 44 камиони на ОН, на сириската Црвена полумесечина и Меѓународниот комитет на Црвениот крст вчера достави храна во Медаја, првпат од октомври минатата година.
Малик наведе дека храната во Мадаја е ретка така што еден килограм ориз се продава за 275 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис