Балкан
22. јуни 2021 - 9:12

Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија

Во Луксембург денеска ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија, на која нема да бидат отворени нови поглавја од преговорите. Нова методологија за преговорите за членство на Србија со ЕУ се очекува да биде официјално претставена на меѓувладината конференција.

Според новата методологија усвоена од Советот на ЕУ кон средината на мај, поглавјата за преговори се тематски групирани во шест таканаречени кластери.

На меѓувладината конференција, што ќе се одржи на вториот ден од сесијата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, нема да се отвори ниту едно поглавје или кластер, бидејќи неколку членки на ЕУ не се согласија со тоа, наведувајќи дека Србија не постигнала доволно напредок, особено во областа на владеење на правото, јави Бета.

Иако нема да има отворање на поглавја, денешната меѓувладина конференција е компромисно решение, како знак на поддршка за Белград да продолжи со реформите што треба да доведат до отворање на кластерот на следната таква средба.