Свет
9. March 2019 - 18:03

Во Лондон затворен мост поради сомнително возило

Британската полиција денеска го затвори лондонскиот мост Вестминистер и улиците во близина на Парламентот поради сомнително возило.

Портпаролот на полицијата изјави дека припадници на безбедносните сили на лице место го проверуваат возилото во близина на реката Темза, во Викторија ембенкмент и оти локалните улици се затворени за сообраќај.