Свет
19. May 2018 - 14:27

Во Лондон нема прелети на авиони за време на венчавката на принцот Хари

Во Лондон, за време на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл, 15 минути нема прелети на авиони, со цел да се обезбеди гарантиран мир и тишина во текот на свадбената церемонија.
 
Како што е соопштено,  раководството на аеродромот Хитроу се согласи во тој период да нема прелети на авиони над дворецот Виндзор, додека трае најважниот дел од церемонијата.
 
Хитроу, најпрометниот европски аеродром, е оддалечен 16 километри од капелата во рамки на дворецот Виндзор, каде што се одвива венчавката.