Свет
25. March 2020 - 10:16

Во Либија потврден првиот случај на Ковид-19

Либија вчера го потврди првиот случај од новиот коронавирус. Националниот центар за контрола на болестите, кој дејствува во областите што се под контрола на двете ривалски страни, не даде повеќе детали, освен дека пациентот е хоспитализиран во Триполи.

И меѓународно признаената влада во Триполи и администрацијата во Бенгази, воведоа забрана за движење помеѓу градовите, ги стопираа патувањата во странство и ветија ресурси за здравствените услуги.

Овој здавствен систем беше пред колапс и пред коронавирусот, изјави шефицата на мисијата на Светска здравствена организација, Елизабет Хоф.

Таа додаде дека ограничена е заштитната опрема и има сериозен недостиг од медицински кадар.

Постои национален план за финансирање, но се уште не е подготвен за имплементација, истакна Хоф.