Свет
4. February 2019 - 18:14

Во лавини на италијанските Алпи загинаа најмалку петмина скијачи

Најмалку петмина скијачи загинаа во лавини на италијанските Алпи, соопштија спасувачките служби.

Припадници  на спасувачките служби трагајќи за двајца британски и двајца француски скијачи, кои вчера беа пријавени за исчезнати, денеска пронајдоа три тела.

Вчера двајца италијански скијачи загинаа во лавина, еден во долината Аоста, а вториот во Јужен Тирол.

Властите за време на викендот предупредија на опасност од лавини на италијанските Алпи.

По несреќите при лавини, еден италијански сноубордер загина кога падна во пукнатина во мраз вон стазата во областа Валтелина.