Во Кумановско нема активни пожари, екипа ќе дежура кај Бељаковце
На подрачјето на Кумановско моментно нема активни пожари, информира градоначалникот Максим Димитриевски. Пожарот во село Бељаковце и Довезенце е изгаснат, но теренот дополнително ќе се пребарува. Според командирот на територијалната противпожарна единица, Куманово, Дејан Илиевски, на таа локација ќе остане дежурна екипа.
– Благодарност до сите тимови кои пет дена работеа на гасењето на пожарите во Куманово и регионот. Остануваме во приправност, подготвени да помогнеме на другите општини, напиша Димитриевски.
Денеска седница одржа и Општинскиот штаб за заштита и спасување кој апелира граѓаните да се воздржат од палење стрништа и отпаден материјал во дворови и на отворен простор за да се спречи настанување пожар. Од Штаботи ги повикаа граѓаните да пријават до надлежните институции сомнителни движења на лица и возила, можни причинители на пожари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо