-->
-->
Во кумановската библиотека одбележан Светскиот ден на книгата
-->
Во кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ денеска беше одбележан 23 Април - Светскиот ден на книгата и авторското право кој годинава се одбележува 21-ви пат.
Читателите кои денеска ја посетија библиотеката добија цвет и книга.
Во библиотеката денеска беа презентирани и пораките што по повод овој ден ги испраќаат Генералниот директор на УНЕСКО, Ирина Бокова и на национално ниво, Љубиша Георгиевски, во кои се потенцира моќта и значењето на книгата, што се таа може да постигне и колку голем придонес има овој најмоќен медиум на сите времиња, за секој поединец.
Во пораката на Бокова се вели дека книгата е врска меѓу минатото и иднината.
- Таа е мост меѓу генерациите и културите. Таа е посредник меѓу создавањето и споделувањето на мудроста и знаењето,а се нагласува дека и во овие бурни времиња, книгите сведочат за човечките капацитети да создаваат реални и имагинарни светови и да пренесуваат пораки за разбирање, дијалог и толеранција, стои во пораката.
Во пораката по повод Светскиот ден на книгата, Љубиша Георгиевски истакнува дека за да стане судбина, историјата мора да се легитимира минувајќи низ книжевноста и обратно, за да се легитимира книжевноста, мора да се мине низ историјата.
Надлежните од кумановската библиотека постојано во текот на годината на различни начини ја популаризираат книгата меѓу кумановци.
- На секој начин се обидуваме да ја популаризираме книгата меѓу читателската јавност и мислам дека успеваме во оваа намера, изјави директорот на библиотеката, Марјан Петковски.
Во таа насока, додаде тој, три пати годишно се набавуваат книги од кои во два наврати белетристика и стручна литература, а еднаш годишно лектири за учениците.
- На овој начин настојуваме да го задоволиме различниот вкус на читателите, изјави Петковски.
Кумановската библиотека располага со книжен фонд од околу 200.000 книги. Околу 4.500 кумановци се редовни корисници и членови на библиотеката кои редовно зајмуваат книга. Дневно на одделот за возрасни поминуваат околу 150 читатели, додека на детскиот оддел, книги зајмуваат околу 80-тина читатели.Најголем број од читателите се средношколци и студенти кои користат лектири и стручна лиетаратура, но значителен е процентот на кумановци од средната генерација кои зајмуваат белетристика, различни жанрови, љубовни, криминалистички, трилери, научна фантастика.
Кумановската библиотека редовно организира и промоции на книги, така што наредната е книгата „Црно на бело“ од познатата македонска писателка – поет и прозеист, Лидија Димковска,која ќе се одржи во на 25 април,понеделник со почеток во 19 часот.
Инаку, УНЕСКО одлучи овој ден првпат во 1995 годинаден да им го посвети на книгите и авторит. Се смета дека 23 Април е земен како повод, бидејќи на тој ден во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност,Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина