Македонија
14. March 2016 - 16:33

Во Куманово за еден месец почнува изградба на нов ургентен центар

Нов Ургентен центар во Куманово ќе почне да се гради за околу еден месец. Паралелно темелно ќе се реконструираат и Старата градска болница во Скопје и болницата во Струмица. Во меѓувреме тече изградбата на Клиничката болница во Штип, а на големо се реновираат болниците во Прилеп, Битола, Кичево и Свети Еразмо во Охрид. Според претседателот на на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски за изградба и реконструкција на овие болници  ќе бидат инвестирани 70 милиони евра.

-Тоа е сериозен инвестициски циклус. Во многу од овие болници ова е и прва реконструкција откако тие се изградени по повеќе години, така што значително ќе ги подобрат условите и за вработените и за граѓаните кои имаат потреба од здравствени услуги, односно за оние коишто лежат во болниците и за оние кои доаѓаат за терапии или слично, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Груевски заедно со замениците министри за здравство и образование ја посетија лабораторијата за дијагностика на Клиниката за гинекологија. Апаратурата на која се вршат неопходните испитувања и брисеви е набавена преку владиниот проект и чини 155.000 евра.