Македонија
11. July 2016 - 10:12

Во Куманово утре авионско запрашување против комарци

Општина Куманово денеска информира дека утре на подрачјето на општината ќе се изврши второ авионско запрашување против комарци.

Авионската дезинскеција ќе се изврши во раните утрински часови. Доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата против комарци ќе се изврши во истиот термин, следниот ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Од општина Куманово ги потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Ова е второ авионско прскање против комарци на подрачјето на општината во тековната година. Првото прскање беше спроведено на четврти јуни годинава.
 
Инаку, според информациите од надлежните од одделението за јавни набавки на општина Куманово, за 2016-та година од буџетот на општината за авионска дезинскеција против комарци која  ќе се спроведе во три наврати и која, освен прскање против комарци вклучува и ларвицидно третирање одвоени се милион и триста илјади денари.