-->
-->
Во Куманово утре авионско запрашување против комарци
-->
Општина Куманово денеска информира
Авионската дезинскеција ќе се изврши во раните утрински часови. Доколку временските услови не се поволни, дезинсекцијата против комарци ќе се изврши во истиот термин, следниот ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Од општина Куманово ги потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ова е второ авионско прскање против комарци на подрачјето на општината во тековната година. Првото прскање беше спроведено на четврти јуни годинава.
Инаку, според информациите од надлежните од одделението за јавни набавки на општина Куманово, за 2016-та година од буџетот на општината за авионска дезинскеција против комарци која ќе се спроведе во три наврати и која, освен прскање против комарци вклучува и ларвицидно третирање одвоени се милион и триста илјади денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација