-->
-->
Во Куманово се намалува бројот на заболени од грип
-->
Во последната недела од јануари регистрирани се 57 новозаболени од сезонски грип, во претпоследната, според податоците на Центарот за јавно здравје Куманово биле евидентирани 61 случај, додека во првите две недели од јануари бројот на заболени од грип изнесувал 347.
Во декември,пак, како што соопшти денеска епидемиологот доктор Јадранка Стаменковска биле евидентирани 891 лице заболени од грип, а во јануари речиси двојно помалку - 465 лица заболени од грип.
- Најголем број заболени 310 - во јануари има во возрасната група од 15 до 64 години, 72 лица се на возраст од 5 до 14 години, 45 се деца до четиригодишна возраст и 38 се лица над 65 години, соопшти Стаменковска.
Инаку, од почетокот на сезонава до декември Центарот за јавно здравје евидентира 1.027 лица заболени од сезонски грип. Од почетокот на сезоната на инфективно одделение биле хоспитализирани 32 лица, а амбулантски прегледани 365 лица.
Во Куманово се намалува и бројот на деца заболени од варичела, покажуваат податоците на Центарот за јавно здравје. Во декември биле евидентирани 32 лица, а во јануари 13. Лани во јануари, пак биле евидентирани 22, а во декември 86, претежно деца од училишна и предучилишна возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО