Фудбал
6. јуни 2016 - 12:51

Во Куманово приведени хулигани од Олимпијакос

Неколку навивачи на грчкиот клуб Олимпијакос, тепале вработен во бензинска пумпа „Лукоил“ во Куманово, дивееле низ дуќанот, украле повеќе артикли и избегале.  
 
Имено, во неделата околу 11.10 часот на автопатотот Куманово-Скопје, на бензинска пумпа „Лукоил“, навивачи од Олимпијакос од Грција, без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35) од Куманово.
 
Сторителите го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и го туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.
 
Во 15 часот во полицијата во Куманово, поради основано сомнение за сторен прекршок приведени и задржани се Х.А. (26), П.Ф. (26) и  Т.В. (29) од Грција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.