Македонија
29. October 2018 - 10:26

Во Куманово поставен полнач за електрични автомобили

ЕВН Македонија, општина Куманово и Јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“ потпишаа договор за поставување полнач за електрични возила. Полначот е поставен на паркинг просторот кај Центарот за култура „Трајко Прокипоев“ . За овој проект на ЕВН, „Куманово Паркинг“ обезбеди и обележа со зелена боја две паркинг места што се наменети за возила, што ќе го користат полначот. Паркирањето за електричните возила на оваа локација е бесплатно, соопштија од претпријатието.
 
Користењето на овие возила во Македонија е во почетна фаза, но глобалните трендови кон кои цели државата и општините се во насока на користење на обновливи извори на енергија, со цел зачувување на животната средина. Полначи за електрични возила се поставени во повеќе градови од државата. Идејата е да се поттикне користење на возила на електричен погон што ќе придонесе за заштита на животната средина.