Во Куманово отворена изложба „Филигранска конгломерација“ од Викторија Симакоска
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва беше отворена изложбата „Филигранска конгломерација“ од авторката Викторија Симакоска од Струга.
Кумановци имаа можност да разгледаат 25 експонати од минијатури до средна големина.
- После извесен период имаме изложба на филиграни.Авторката се обидува на свој карактеристичен начин да инкорпорира свои видувања и уметнички да се изрази, изјави Роберт Цветковски, историчар на уметност од кумановскиот Центар за култура.
Авторката досега учествувала на бројни домашни изложби и саеми во странство. Според неа, најголемо внимание привлекува сребрената пеперутката, нешто по што филигранството од Македонија е познато во светот.
- Кумановската публика ќе има можност да разгледа пеперутки изработени во различни големини од нашиот крај, лебедите, а тука се и крстовите претпразнично, рече Симакоска.
Изложбата во Куманово ќе биде отворена до 26.април.
Ново на Сител
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО