Македонија
31. May 2016 - 12:50

Во Куманово општински натпревар по прва помош во организација на Црвениот крст

Вкупно седум екипи учествуваат на денешниот општински натпревар по прва помош кој се одржа во центарот во Куманово, по 25-ти пат во организација на Црвениот Крст Куманово.

Учесниците се натпреваруваат во пружање прва помош при различни повреди и состојби. Екипите ги оценуваат лекари и стручни лица кои соработуваат со општинската организација на Црвениот крст, а се оценуваат подготвеноста на кандидатите, брзината, пристапот и употребата на санитетскиот материјал за пружање прва помош, но и креатвноста на екипите.

На натпреварот учествуваат пет екипи од средните училишта од Куманово и две екипи од клубот на млади на Црвениот крст. Екипите се натпреваруваат во пружање прва помош при скршеници, крварења, секојдневни повреди и слично. Обуката трае повеќе од месец дена.

- Имавме прво теоретска подготовка, потоа и практично со лекари, изјави Раде Ристиќ, од Црвен Крст Куманово.

Учесниците очекуваат добри резултати и сметаат дека укажување на прва помош треба да знае секој.

- Екипата е подготвена бидејќи претходно напорно работевме. Се надеваме на едно од првите три места, но сепак, најзначајно е што учениците се обучени за пружање прва помош, обука која е добро да се научи уште во основното образование,а потоа и да се усоврши во средните училишта, изјави Надица Трајковска, професор по практични предмети од средното училиште „Наце Буѓони“.

Попладнево по завршување на натпреварот ќе се знае победникот. Инаку, овој натпревар е традицонален и се одржува секоја година во Куманово. Победникот од натпреварот ќе учествува на државниот натпревар кој ќе се одржи во септември во општина Гази Баба.