-->
-->
Во Куманово одржан противпожарен натпревар за ученици од основни и средни училишта
-->
Во кумановското основно училиште „Браќа Миладиновци“ денеска се одржа 31-от противпожарен општински натпревар за ученици од основни и средни училишта, во организација на општинскиот противпожарен сојуз, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и општина Куманово.
Годинава, на натпреварот учествуваа осум екипи во категорија јуниори, додека во категорија кадети се натпреваруваа пет екипи.
- Станува збор за традиционален квиз. Екипите се подготвуваа од стручни материјали, издадени од противпожарниот сојуз на Македонија, од кои едната се однесува на пожари во урбани средини ,а втората за пожар на отворен простор, изјави Часлав Јовановиќ од општинскиот противпожарен сојуз.
Прво место во категорија од основни училишта е едкипата на „Крсте Мисирков“, а прво место во категорија на средните училишта. е екипата на „Наце Буѓони“.
Првопласираните екипи ќе се натпреваруваат на регионалниот натпревар кој ќе се одржи во Кратово на 20-ти овој месец. Најдобрите од овој натпревар пак ќе учествуваат на државен натпревар за противпожарна заштита.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата