Македонија
7. November 2016 - 22:04

Во Куманово концерт по повод 107 години од раѓањето на Трајко Прокопиев

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва со концерт на солистите Гонца Богоромова, Кристијан Антовски и пијанистот Андреј Наунов, одбележува 107 години од раѓањето на Трајко Прокопиев и 35 години од опстојувањето на НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Директорот на кумановскиот Центар за култура Сашо Костовски, рече дека установата го носи името на еден од најпознатите македонски композитори, чии дела се изведуваат во Европа, личност-синоним за македонската современа сериозна музика.

Македонскиот композитор Трајко Прокопиев, роден е на 6 ноември 1909 година во Куманово. По дипломирањето на музичката школа во Белград го продолжува школувањето на Прашкиот конзерваториум. Работи како композитор и диригент. Добитник е на повеќе награди меѓу нив и Октомвриската награда на Македонија за животно дело, а со хорот „Кочо Рацин“ првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица-Италија. Оставарува богато петдецениското творештво, компонирајќи вредни дела, хорски композиции, балет, антологиски опери, филмски музички дела, камерни композиции, базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство. Во установата речиси секојдневно се реализираат изложби, концерти, промоции на книги...