Македонија
11. July 2020 - 15:46

Во Куманово бил пронајден починат мигрант од Пакистан

Во Куманово, на место викано „Врело“, од патрола на Црвен крст бил пронајден починат M.Л.(22) од Пакистан. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.