-->
-->
Во Куманово 64 заболени од грип
-->
Најголем број заболени од грип – 64 се регистрирани изминатата недела во Куманово. Од почетокот на октомври, досега, во Центарот за јавно здравје во Куманово регистрирани се 150 пациенти заболени од грип и со симптоми слични на грип, информираа денеска од оваа здравствена установа.
Од вкупниот број пациенти од почетокот на сезоната, 44 побарале помош од лекарите на инфективното одделение во Кумановската општа болница.
– Стои и шест од заболените се во возрасната категорија од 15 до 64 години, по што следат 30 заболени од детската популација од пет до 14 години, изјави доктор Јадранка Стаменковска, раководител на одделението за епидемиолошка дејност во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Во однос на лани, годинава има поголем број на заболени лица од грип.
Претходно со вакцина против грип се вакцинираа над 2.000 лица. Епидемиолозите очекуваат како и претходните сезони да расте бројот на заболени особено кон крајот на јануари и почетокот на февруари. Лекарите советуваат примена на хигиено-диететски режим при првични симпоми на грип, мирување, внесување на доволно течности, витамини, проветрување на просториите. Доколку симптомите се влошат, тогаш болните треба да побараат помош од матичните лекари, а оние со компликации на инфективното одделение од Кумановската болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.