Македонија
1. February 2017 - 17:50

Во крводарителска акција во Велес собрани 72 единици крв

Во акција за доброволно дарување на крв која се одржа денеска собрани се 72 единици крв.
 
Акцијата ја организира општинскиот Црвен крст во соработка со медицинска екипа на Центарот за трансфузиона медицина од Скопје, а по иницијатива на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Како што информира за МИА Лидија Сланева Стојановиќ од ООЦК Велес, годинава оваа е трета акција што тие ја организираат  во поширокиот регион на велешко. Во првата биле собранин 66 единици крв, во втората која била реализирана меѓу жителите во Општина Чашка биле собрани 32  и во оваа 72 единици крв.
 
- Освен во акциите во Одделот за трансфузиологија при велешката Општа болница секој ден доброволно крв даруваат во просек и по дваесетина крводарители, а некогаш и повеќе, потенцира Сланева Стојановиќ.