-->
-->
Во крводарителска акција во Велес собрани 72 единици крв
-->
Во акција за доброволно дарување на крв која се одржа денеска собрани се 72 единици крв.
Акцијата ја организира општинскиот Црвен крст во соработка со медицинска екипа на Центарот за трансфузиона медицина од Скопје, а по иницијатива на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што информира за МИА Лидија Сланева Стојановиќ од ООЦК Велес, годинава оваа е трета акција што тие ја организираат во поширокиот регион на велешко. Во првата биле собранин 66 единици крв, во втората која била реализирана меѓу жителите во Општина Чашка биле собрани 32 и во оваа 72 единици крв.
- Освен во акциите во Одделот за трансфузиологија при велешката Општа болница секој ден доброволно крв даруваат во просек и по дваесетина крводарители, а некогаш и повеќе, потенцира Сланева Стојановиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари