Македонија
29. јуни 2018 - 17:34

Во Крушево се отвори инфо центар за параглајдинг

Крушево полека, но сигурно станува една од најдобрите параглајдинг дестинациии во Европа. Само за ова лето закажани се над 10 меѓународни натпревари и се очекува Крушево да го посетат околу 3.000 туристии поврзани со овој спорт. Токму порадии тоа денеска се отвори Инфо центар за параглајдиинг.

„Крушево станува светска број 1 дестиинација за параглајдинг и змајарство. За тоа сведочат безброј меѓународни натпревари кои досега се организираа тука и се поголем број на слободнии летачи кои доаѓаат во Крушево“, вели Игор Тодевски, од параглајдинг клуб Крушево.

Туристите тука ќе можат да добиваат информациии за сите авантуристиичкии спортови кои ги негува Крушево.

„Веќе имаме закажано неколку меѓународни натпревари со параглајдерство, од 8 јули започнува европското и светското првенство во змајарство“,  Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

Крушево станува дестиинација за 4 сезони, која посетуваат гости 365 дена во текот на годината.

„Ова година треба да имаме помеѓу 20% и 30% зголемување на бројот на туристи во Македонија, а кога станува збор за Kрушево очекуваме зголемување на бројот на ноќевања“, истакна Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Викендов Крушево се очекува да го посетат 500 гости на фестивалот „When in Krusevo“ каде се планира да има планинарски, велосипедски и кајак тури, концерти и забави.

„Гостите може да се рекреираат на аутдор спортовите како што се планинарство, параглајдиинг, велосипедизам, да се забавуваат со концертите, но и да се запознаат со дел од културата на Крушево, бидејќи со картата е вклучена и посета на музеи“, кажа Антонио Кузманоски, организатор на „When in Krusevo“.

Во недела ќе има промотивни тандем летови за сите посетители кои сакаат да летаат.